станува (гл.) - познат (прид.)

Интересот за философијата кај него повторно оживува кога го напушта учителското место и доаѓа во контакт со неколку членови од групата која станува позната како Виенски круг, подразбирајќи го тука и нејзиниот водач, Мориц шлик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не знам дали проектирал или учествувал во проектирање на некоја друга зграда, но интересен е фактот дека во секој телефонски именик, во секој виенски адресар од 1933 до 1938 година стои д-р Лудвиг Витгенштајн - архитект, а не философ. Меѓутоа, тој докторираше како философ.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кракатау: Добравечер, Маусдонци. Еве ги пак вашите Каљостро и Кракатау кои веќе ви стануваат познати како тие излитени тапети на вашите мозочни дувла, одвнатре познати, сакам да кажам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мирот, сеприсутен во зборовите на сите, стана сеотсутен од реалноста во која живееше кога започнаа да гинат луѓе, а нивните имиња, чинови, возраст, семејна состојба стануваа познати за сите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овие перспективи стануваат познати како когнитивна наука и сочинуваат еден инхерентно интер/мултидисциплинарен потфат, опфаќајќи многу од интелектуалните програми од неколку тешки области: филозофијата, психологијата и компјутерските науки (помеѓу другите).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)