станува (гл.) - нов (прид.)

Со зборовите на Marshal Mcluhan речено, секој стар медиум станува нова уметничка форма.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Некогашната полиглосија на Балканот станува нова реалност со отворање на херметички затворените граници на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поправилно, хардверот, заедно со програмот наполнет во неговата меморија, станува нова машина, така што нејзиното однесување е определено повеќе од софтверот отколку од соголените електронски кола.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со доаѓањето на странскиот инвеститор висината на платите веднаш се намалува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред 2003-та, Ѓорѓиевски имаше месечни примања од околу 15.000 МКД, а откако бугарски „Литекс“ станува нов доминантен сопственик на фабриката, неговите месечни примања, од необјаснети причини, се намалени на околу 12.000 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Многумина често ни доаѓаа дома, задоволни и понесени од разговорите за козите. Стануваа нови таткови пријатели.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште не беше стивнал стравот од завршената војна, жртвите, логорите, депортациите, а веќе стануваше нова реалност стравот од војната против козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јавноста е претворена во идеален потрошувач, а јавниот простор со тоа е сведен на стока, со што приватизацијата од страна на комерцијалните интереси станува нов јавен простор. 89 Don Mitchell, The Right to the City: Social Justice and the Fight for Public Space (New York: Guilford Press, 2003), 128. 79 3.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сликата за јавноста создадена од овој псевдо- јавен простор е јавност што е пасивна и рецептивна, каде потенцијално опасната општествена хетерогеност на мноштвото е хомогенизирана.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)