станува (гл.) - дрзок (прид.)

Поради особено важното место коешто Крлежа го зазема во тоа културно наследство, поради неоспорниот углед што го има Станко Ласиќ како општопризнат првокласен хрватски интелектуалец, поради несомнената упатеност на критичарот Висковиќ, но и поради нескриеноста со која се врши манипулација со тоа наследство (во истото интервју на Висковиќ дознаваме дека мислата на Крлежа е вградена во програмските темели на владеачката партија, а исто така и за идејата на Виктор Жмегач за чистењето на Крлежа од политичките импликации во неговото дело), Ласиќевото промовирање на починатиот Крлежа во советник на Туѓман станува дрзок предизвик за цела една генерација која во критичкото пресметување со традицијата и со нејзините самопрогласени чувари и толкувачи допрва мора да се избори за својот сопствен интелектуален идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бидејќи Костадиновска извесно време работи на позиција на која има одличен увид во приходите на фирмата, таа истакнува дека, во почетокот, фирмата имаше големи приходи и потенцира дека „многу пари влегуваа во претпријатието“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односот на обајцата директори кон работниците станува дрзок, а во комуникацијата почнуваат да преовладуваат заканите, уцените и притисоците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, потоа работите на овој план радикално се променуваат – па, откако приходите ќе влезат во фирмата, како што нагласува самата, почнуваат „мистериозно“ да исчезнуваат, односно „да одат во џебовите на двајцата директори“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)