станува (гл.) - жртва (имн.)

Според светски познатиот хрватски писател Мирослав Крлежа, пријател на Матвеј Предраговиќ, Јосип Рацич станува жртва на својот идеализам да се надоврзе на импресионизмот, кога тој неповратно исчезнувал и кубизмот кој настапувал!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како исклучив идеалист многу лесно станува жртва во стемпедото на идиотизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не сфаќаше дека многу генерации, во семејства заблудени во таа идеологија, стануваат жртви...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Според Косановиќ, реакционерните влади или диктатурата во Југославија во целост била против Хитлер, но исто така тие биле и против демократијата во својата земја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според Салвемини, „балканските народи стануваат жртви на две несреќи: несреќата направена од нивните сопствени политичари и несреќата направена од дипломатите на големите сили“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Можеш ли ти Силвија да го средиш животот на мојот син?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И дека Јехуда, онака молчлив, трпелив, тивок и сочувствен веќе длабоко зацапа во четвртата деценија од животот и дека, заборавен во дуќанчето и наведнат над старата „сингерица”, полека но сигурно станува жртва на сите нивни згрешени судбини и закоравени заблуди.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со таквото забележување секое девојче “чувствува дека е тешко оштетено,” и затоа “станува жртва на зависта заради пенисот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сето тоа ќе остави неуништливи траги во нејзиниот развој и формирањето на карактерот.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трагедијата на градителите на Беломорскиот канал во свеста на биологот Цветан Горски, додека го слушаше својот учител, значеше и трагедија за северната руска јагула, за милијардите жители на северните реки и езера, кои стануваа жртви на непредвидливото менување на нивните живеалишта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)