станува (гл.) - дел (имн.)

Пак, тоа не е Елвис Присли како пејач, туку како актер од некој вестерн што го снимил... Gavin Turk: „Pop“, стакло, месинг, MDF, фиберглас, восок, облека и Како и многумина уметници што излегуваат пиштол, 279х115х115 см, 1993 од британските уметнички школи, Турк е ориентиран со оној диктум на Барт кој вели дека „јазикот е оној што зборува, а не авторот“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наместо да е автор на ова дело, Турк станува дел од идентификациониот ланец во самото дело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така расказот станува басна, се делокализира, и ако така може да се рече, станува дел од големата дебата за тешкотиите на модерниот живот и неговите болни контрасти.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Она што би можеле да го сметаме како техничка некомпетенција, првиот теоретичар на американската авангарда, Јонас Мекас, го прогласува за интегрален дел од нив­ната естетика: „... дури и грешките како што се неострите кадри, камерата која се мрда, несигурните чекори и движења, преекспонираните и неекспонираните секвенци - сето тоа станува дел од новиот филмски речник, неразделна компонента на психолошката и визуелната реалност на модерниот човек”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако кај Вертов и Годар е забележливо присуството на авторот, тогаш кај Ворхол е забележливо присуството на машината (камерата) и отсуството на авторот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На тој начин неговата уметност станува дел од една глобална мрежа на уметнички комуникации (mail- art network) која претставува, би можеле да речеме, едно посебно уметничко дело, една пулсирачка духовна творба која ја опфаќа целата планета.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури во почетокот на 19-иот век законите што ја забрануваат суровоста спрема животните стануваат дел од англо-американското право.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Извршителите на крвната одмазда беа ликвидирани без судски процеси, станувајќи дел од трајното жртвување на Балканот во најразлични облици...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Власта, во суштина е безлична; таа е „јас“ колку што е „јас“ и она „јас“ кое учествува во групен секс, каде сексуалните постигања на другиот стануваат дел од моето „јас“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој исто така согледува дека речениците што ги внел стануваат дел од базата на податоци.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Некои станувале, оделе по гранки, се враќале, некои веќе се лепеле за земја и се оддалечувале од сѐ, од себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светлоста на огнот полека се менела - потемнувала и ослабнувала, станувала дел на ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По добрата голтка горко кафе и цигара, Рада конечно се вклучи во „бош“ муабетите на Душка и Роска, станувајќи дел од екипата која озборува без мерка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во XIV век Скопје ќе стане втора царска престолнина на српскиот цар Душан, а кон крајот на истата година станува дел на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османлиите, во времето на моќниот султан Сулејман Величествениот и најголемата експанзија, по неуспешните опсади на Виена, верувале дека градот на реката Вардар ќе биде првото нивно упориште на Балканот, еден вид истурено предградие на Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сотир Паскали беше свесен дека и тој неповратно станува дел од таа протоплазма, но врската со својата родна земја и пошироко од неа, ја гледаше во постојаното одржување на односи со луѓе кои доаѓаа во Париз, секој со грижа и мака, на студии и лекување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во еден ден му се случија толку многу работи што мораше да си признае дека непријатните изненадувања лека – полека стануваат дел од неговиот живот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Секој од нас, без принуда, самоволно, дури и несвесно, станува дел од заедничкото одбележување на грдиот крај што не го посакуваме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се потев во Плодот, станував дел од неговата нераскинлива целост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Глуждот ми се измолкнува од прстите, потоа телото се подига и јас те гледам оддоле, веќе преземена од ноќта, стануваш дел од неа, исчезнуваш . . . ***
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ја набљудував нежната линија која се превиткуваше и стануваше дел од просторот кој се губеше во бесконечноста.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дали навистина е можно да се креира нешто што ќе ни дозволи да живееме плашејќи се помалку и мразејќи помалку?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И. К.: Кога еден свет исчезнува и станува дел од минатото, дури и потсвесно сфаќате дека сте ја делеле истата реалност со тие луѓе кои ви предизвикале страдање или кои страдале поради вас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Гледачот станува дел од реалноста и се прашува дали тој (или таа) некогаш ќе може повторно да ја напушти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Значењето е двосмислено, и многу луѓе ме прашаа дали сакам режимот да се врати.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)