станува (гл.) - асимилација (имн.)

Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот. ‌Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А какви се грижите на геј-луѓето што ќе се најдат во такви места?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога геј-луѓето ќе се лишат од заедничкиот, комунален живот, од сопствен општествен свет, главната мисла на геј-политиката веќе не е отпорот против хетеросексуалното угнетување, туку тоа станува асимилацијата, односно приспособувањето кон главнотековното, поривот за општествена прифатеност и интеграција во општеството во целина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ги елиминира и материјалните предуслови за медиумска култура во чија основа е заедницата, на политички и општествено напредна медиумска култура и, наместо тоа, го поттикнува подемот на сјајните списанија за животниот стил и кабелските канали, кои се насочени кон националната пазарна ниша и кои се темелат врз канонскиот, службен, главнотековен геј-идентитет, а е против прогресивниот интелектуален, политички и естетски израз, особено против облиците на размислување и критика. ‌Во такви околности, програмата на геј-политиката и на геј-живеењето ги запоседнуваат грижите на луѓе што живеат раштркани и релативно изолирани, заглавени меѓу хетеросексуалците во гратчињата и во руралните подрачја, наместо собрани заедно во велеградските центри.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прашањата како што се воената служба за гејовите и еднаквоста во однос на бракот, кои порано беа борби за пристап до осигурување, за правична распределба и за отстранување на дискриминаторските пречки, сега стануваат борби околу симболизмот на општествената припадност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)