стане (гл.) - стопан (имн.)

Стана стопанот мој, се облече и отиде во кафеаната. - Даскале, - му рече - излези на збор.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мене никој не ми носи книга.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не влегоа во селото зашто нашите се бранеа...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Што и да се случи, ти немој ни педа земја да продадеш. Ниту нива, ниту ливада, ниту бавча.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А корењата на којзнае кога закланите стебла не го пуштале од грчот на своите прсти стврднатиот хумус.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така чинејќи лакардии врапците, станал стопанот од лозјето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Трговецот со басма, во трампата со која станал стопан на коњот сега со име Облак, сакал да им ја покажува на своите роднини неверојатноста: во поилото на својот заграден двор исипувал од стомна вино и го поел назобаниот белец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)