стане (гл.) - сликар (имн.)

Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Доенчињата се смируваат штом ќе ги кренам в раце, а кога ќе ме видат се смеат, ако воопшто можат да се смеат, иако велат дека моето лице ги плаши луѓето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаеше дека единствено што се смета е она што се наоѓа на платното - не е битно потеклото на идејата, ниту што некој правел пред да стане сликар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога само ќе се сетам дека цели три месеци се занимавав со проучувањето на тајните на физиономијата, додека најпосле, во текот на едно единствено попладне, не решив да станам сликар, градинар, механичар и морнар, и додека не заспав со помислата дека сум роден за наставник и не се разбудив со цврстото уверување како гранит дека кариерата на царинарник е она што отсекогаш ме влечело...!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)