стане (гл.) - светец (имн.)

Некој од најстарите, од најнабожните, се сети дека и од неговите дедовци, оние што пред две столетија донеле проказа Кукулино, бегале луѓето и пак тие станале светци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе ви помогнеме да станете светци на пеколот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги обединуваше ли овде нешто друго луѓево освен верата, или инаетот овде беше вера, оној ист инает и онаа иста издржливост со кои и великомаченикот Димитрија станал светец?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во еден манастир еден таков отец Симеон сакал да стане светец.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сум ти расправал ли за калуѓерот што сакал да стане светец? Сум ти расправал! Тогаш...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)