стави (гл.) - мој (прид.)

Ја вртеше дланката на сите страни и не престануваше да се одушевува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа, токму како што посакував, го извади оној нејзин сребрен прстен со голем зеленикав камен од показалецот и го стави мојот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За да ѝ се задржи бројот девет, ќе мора тоа да го стори.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таму го замислував: дека ќе го извади оној прстен со зелен камен што ѝ стои на показалецот и дека ќе го стави мојот на негово место.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја ставив мојата рака низ прорезот и ја откочив пушката. Клик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа и натаму беше загледана во белиот ѕид, и рамномерно дишеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гнездо беше на половина пат помеѓу домот во кој Клара требаше да се врати, и домот во кој јас требаше да се вратам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Си можел да го ставиш моето име таму, помеѓу името на сестрата на жена ти, и името на кученцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги спакувавме оние малку нешта што ги имавме, јас ги ставив моите во куферчето во кое некогаш ги чував алиштенцата за детето кое не го родив, Клара ги стави своите работи во своето куферче, а потоа заминавме од Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си можел да ме напишеш и под кученцето, и тоа би било доволно за да успеам да заминам од Виена, и да се сретнам со Беатриса.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги ставив моите дланки до неговите дланки, на стапалата на Клара. Беа студени како на мртовец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)