стави (гл.) - в (предл.)

Ѓурчин победил, му ја отсекол главата, ја ставил в зобница и ја однесол во Солун кај Лобуд-паша (со кој Ѓурчин бил добар пријател) бидејќи знаел дека неговата глава била уценета од турските официјални власти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги истоштуваа со тортура и со самување сѐ додека не станеа бедни, лелекаво-човечки руини, кои признаваа сѐ што ќе им се ставеше в уста, се нагрдуваа самите себе, се обвинуваа и се криеја еден зад друг, цимолејќи за милост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
го стискав на градиве и верував дека ќе оживее од мене, од мојата топлина, од мојот здив; кога ќе клекнев на колена да поземам здив и кога ќе му го видев восочното и безживотно лице, кревав плач до бога и пак ја кубев косата; и дома кога го донесов и го ставив на постелата, не верував дека е мртво; и кога го пресоблеков и го ставив в ковчег, не верував дека е мртво.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бонети по некое време зеде едно малечко парче, го стави во чинијата, штулна со двата прсти од него, го погледа како да фаќа нешто гнасно, го донесе полека до носот, го помириса, а потоа го стави в уста, постоја така не џвакајќи го, а потоа откако го изизврти во устата, го голтна со напор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога го стави в рака мобилниот, седна на столот спроти авторот и целата расмеана: „Го имам!“ му вели на авторот и го баци телефонот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А ако си смислила да го немаш филџанов да го ставам в џеб. (Сите се смеат.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дедо Иван пак влезе во колибата и донесе парче леб. Бојан го стави в џеб.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ма, што ти стана побогу, од каде тој силен напад на кашлица, кога речиси ништо немаше ставено в уста, а и како ќе имаш кога се наоѓаме в музеј?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сега колку девојчето да го ставиме в рака... (кон баба Анча). Така ли мислиш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А вие сакате да ги ставам в џеб, да се оженам, да накотам деца и да почнам да 'рѓосувам. Еве ви, на!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Помладиот му ги преброи парите и сакаше да ги стави в џеб, но постариот со црното брадулче, му ја тргна раката и му рече нешто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Успева, поминувајќи покрај Луков да му ги стави в рака.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега мајката ја извади парата и ја стави в џеб.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)