става (гл.) - в (предл.)

Тој беше голем, безвкусен, кршлив мразулец, снежен човек ставан в кревет секоја ноќ, преполн со конфетни сништа, ледени кристали и снежни луњи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ги носеше на купче, а потоа ги ставаше в кофа и ги изнесуваше од дворот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
БОРИС: Завиткај ми и мене една, мамата да ти ја ебам дрогашка. (Му ја грабнува цигарата. Ја мириса. Ја става в џеб.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Полковникот Бонети правеше напори да проба од јагулата, ја бодеше виљушката во неа како да ја убива, откинуваше парче, го ставаше в уста, но грлото му се затвораше: поголтнуваше по малку со мака.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веднаш го грабнува едното бонбонче и го става в уста. Другото го зема Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)