става (гл.) - маска (имн.)

Штом ќе влезеше Томо во собата, веднаш врз своето лице ја ставаше маската на љубезност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во пансионот му ставаа маска на устата и со маска го водеа држејќи го цврсто за ремникот да не скокне и ако не се смиреше, го ставаа во посебна темна просторија каде што го казнуваа со храна и вода.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)