спушти (гл.) - надолу (прил.)

Змејко знаеше колку ѝ е лесно на таа челична ламја да се спушти надолу во еден замав, таа како од играчка би загризала во дебелиот трупец и би продолжила со една ритмичка постојаност да полетува, вивната нагоре, како некој челичен галеб, а потем да паѓа пак, и пак и пак, како од шега, трпеливо, без сенка од какво и да било напнување, без никаква измореност, сосема лесно, всушност тоа како да беше за неа единствениот начин на постоење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набрзина го испи млекото и со леб в рака истрча во ходникот, нестрпливо чекаше лифтот да се искачи и се спушти надолу. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Или Серловата рака испитувачки ќе се спушти надолу без да знае зошто?“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Калк аша, једилер бу ќопеклер бизе анани... ана! ) Толе изрипа од стената и се спушти надолу, белким ќе може да го јавне барем овој што вика тука пред него, но од големиот дим го изгуби од очи, та дури по некоја минута можеше да слушне тропање од човечки нозе што бегаа долу долот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потамина сврте в десно и се спушти надолу каде што здогледа паркче и спроти паркчето кафеана каде што, околу една маса поставена надвор, беа наседнати тројца возрасни луѓе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)