спријатели (гл.) - со (предл.)

На станицата го испраќаше една средновечна жена и уште некои. Брзо се спријателивме со мојот сопатник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Отец Симеон беше сигурен дека е повисок од Мирона за неколку пршлени во `рбетот. Се спријатели со браќата Крловец од здодевност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Другите мачки од дворот непријателски го дочекаа граѓанинот, но кога видоа колку е мирољубив, се спријателија со него.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
При сето тоа многу се спријателив со касиерката Надежда Николаевна Петровна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За време на својот престој во Виена тоа се спријателило со бугарскиот конзул, при што го изразувало својот безграничен восхит спрема фирерот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, лицето Х го замолило конзулот, при посетата на Хитлер, да му биде претставен, сметајќи дека конзулот има пристап до Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го опеав, се прекрстив над него и - еве ме во негови чизми кај вас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа се спријателил со двајца смеолики терикати со маузерки и конспиративно се побратимил со нив на вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Цели шест месеци по овој пазар идеше Трајко на пазар и просто се спријатели со овие тројца аги што имаа корист од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со текот на времето старото градско население, особено жителите што беа под ударот на „класната борба” и на кои речиси сѐ им беше одземено од новата власт, први се спријателија со козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зарем не се случуваше тоа со книгите за јагулите кои го зближија и спријателија со Игор Лозински?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)