спомне (гл.) - на (предл.)

Кога ќе си спомнеше на вечноста најмалото пердувче му затреперуваше од среќа и тогаш белиот какаду ќе крикнеше бело среде ливадата на самоубиственото молчење.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Бегајќи, бикот ќе дојде до местото кое е спомнато на почетокот од расказот: „остриот свиок“ сега е „бездно“, „инка“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Останував со впечаток дека таа се плаши оти сакам да ја вратам во некој сокак од кој веќе беше излегла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си спомнавме на оној нејзин разговор со Сара за мајчинството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа отидовме во продавницата во која се продаваа предмети кои ги изработуваа жителите на Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Партискиот секретар стануваше сѐ позагрижен поради овие барања, дури некој спомна на еден состанок, и оставка, а и тој самиот напати ќе си помислеше да си замине од функцијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Токму во четата на Крстиќ, Раде се стори со матарката спомната на почетокот од приказнава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како почеток во разговорот му ја спомнав на Никола Леко мојата размисла за неприкосновеноста на вистината што патува низ времето; за нејзината неранливост; за вечноста со која е означена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)