спомне (гл.) - збор (имн.)

Во случајов всушност станува збор за движење стокмено од непредвидливоста и на мислата, и на птиците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лично јас, кога ќе го спомнам зборот мисла како да летнува птица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако ме прашаше уште вчера како би го поднела евентуалното негово заминување веројатно не ќе ги спомнев зборовите: потиштеност, тага, или нешто слично.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе ми се падне еднаш да зборувам за рамноправноста меѓу мажот и жената и, само што го спомнав зборот рамноправност, стана еден човек и свика: — Сѐ, сѐ, само тоа не!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)