споменува (гл.) - име (имн.)

Речиси со месеци воопшто не го споменуваше името на Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во паролите, се разбира, не се споменува името на Бога, но тие се составени во името на човекот кој станува Бог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Водичите - конзерватори, кога А.А. го споменува името на водачот, се готови да нè поттикнат на аплауз, но ние рамнодушно продолжуваме да слушаме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дотогаш, во разговорите со мене Круме одбегнуваше да го споменува името на Ниротакис.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Возбуден, внимателно го ставив најгоре, на едно купче книги и, ставајќи го, се потсетив на патописот на Јохан Барт каде што се споменуваше името „Поцо“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше во тој нејзин гест, во таа забрана да читам љубовни песни, нејзе посветени (а сепак анонимни, оти во ниедна песна што ѝ ја испратив јас не ѝ го споменував името, и таа добро го знаеше тоа), имаше велам, нешто нечовечко, нешто политичко, оти не можеш никому, со никакви, освен со средства на моќ да му забраниш да ти дава!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но овој ѓавол како да сакаше да се ослободи од сѐ што е темно на него и во него, како да сакаше да ги совлада сите идни искушенија со нова, никогаш порано недоживеана чистота на душата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Бујрум, ага, на зијавет. Ќе те послужиме како свој човек, алах те благословил.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, кога го споменуваше името на господа, повеќе како да се надеваше дека ќе му биде подарено спокојство отколку што се кае за некаков свој грев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кога шејтанот го споменува името на мојот алах, ќе се тркалаат глави. Прашав за Сафет-бег. Го познавате ли?“ Молчевме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)