спаси (гл.) - народ (имн.)

На прозорецот удираше студениот северен ветер, а над Јонија лееше еден од тешките зимски дождови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само нашата пролетерска комунистичка партија можеше да го спаси народот од злата на верска судбина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Тоа што чу, мати. Со попот Ставре го смисливме планот само за да го спасиме народот сургун да не оди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓутоа, се јавиле и млади луѓе, нестрпливи, што сметале дека индивидуалната револуционерна акција и саможртвата можеле дури да го заменат колективниот народен напор и на таков начин да го спасат народот од последиците на едно општо и крваво востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)