сокрие (гл.) - во (предл.)

Филмот има малку сцени и крајна рафинираност; тој е модел за правење на сценарија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Озлогласената, тоа е збир на сѐ она што е најдобро кај Хичкок. •Хичкок: „Кога го почнавме пишувањето на Озлогласената со Бен Хехт, појдовме од барање на „Мек Гафин” и како што тоа често се случува, почнавме да ги насетуваме работите; тргнавме во многу сложени насоки за на крајот да стигнеме до еден конкретен и видлив ураниум сокриен во винско шише.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Штом на кметот му ја протнал бомбата в куќи, се сокрил во некоја визба, се изнапил вино и викал слободно и јавно по сокаци: „Кметот свадба прави!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чуму срамот ако не можеш да го сокриеш во черупка?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако си мала, не значи дека и грижите ти се мали. Некои грижи можат да се сокријат во черупка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И срамот може да се сокрие во черупка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пет дена остана заглавен во лифтот во времето кога многу беше навлечен на дрога, и претрпе делириум тременс кога патуваше на еден брод како слеп патник сокриен во еден куфер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто два?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И потем раскажа случка дека во некое ино време, некој бедник, што украл скапоцености од палатата на Царот, не ги сокрил во својата бедна колиба, туку под престолот на Царот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакаше да се сокрие во пештерата; небото подготвуваше нешто, беше убеден во тоа, а од пештерата го делеа дваесетина метри.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И луѓето кои минеа крај нејзиното песјо живеалиште, ќе го поитаа одот, ќе го подголтнеа зборот, ќе се сокриеја во себе за да не ги здогледа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На тоа место водата чадеше, се креваше тенка магла, како во неа да е потопено усвитено железо, како во неа да се гаснеше жарот сокриен во крвта на бикот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„На тоа место водата чадеше, се креваше тенка магла, како во неа да е потопено усвитено железо, како во неа да се гаснеше жарот сокриен во крвта на бикот.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Започна да трага – отпрвин незабележително, потоа сѐ понервозно; на третото зајдисонце, пред гробот на мачениците во апсидата на мартириумот, еден од доушниците му дошепна дека каменот е сокриен во домот на трговецот Моше, синот Азаев, во еврејскиот кварт.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со острилото на мечот, открија љубовта сокриена во скротива карпа... ’Рти ново искушение од невистини слушни ги зборовите неизречени со клучалката пред темен понор...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Додека нѐ држат нозете ќе одиме по нашите мажи. Потоа ќе појдеме кај валијата и ќе се жалиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сечевме за да не нѐ сечат, зборувал Чучук-Андреј кој лежел сокриен во олтарот на најоддалечениот манастир. - И пак ни дојдоа до глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред сѐ да се сокрие во магла, тој уште можеше да ги види двете очи на старецот; тие станаа големи, полека слевајќи се во трпетлива светлост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Каков пораз сокриен во победата!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Еден вид проклетство; за да сокријам во себе некоја одамнешна вина. „Кажи, си пиел ли?“ Брат му го крена погледот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но ние тогаш тешко можевме да ја разбереме неговата загриженост, убаво сокриена во неговата речиси мистична тишина
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Коњот, неспречуван од луѓето со бради или само со мустаќи, со реденици и со ками, долго пиел од отворената бочва а некој, подоцна, по битката, ранет и сокриен во пештера, раскажувал - под белата коњска кожа жилите видливо поцрвенувале, оние во ноздрите и вратот, и оние на градите и на стомакот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ноќта се сокрила во мене, ми треба прегратка за да се разбудам. Се буди ден кој ветува сѐ!
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Па и јас, зборувам сешто - има толку многу начини нешто да се сокрие во музиката.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Ѕвонењето престана, зар не? Да, да, ви верувам дека има безброј начини да сокриеш некаква порака во некое музичко дело, како впрочем и во песните на пример.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како згрчена дланка ќе го сокрие во себе. а тој ќе знае дека акордот е сонуваната болка. тој акорд треба да остане таму, под клуч, в самица. никогаш повеќе луѓето да не сонуваат ножови, никогаш повеќе да не го чујат чемерното крцкање на прстите, стиснато околу неиспеано грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само празната виолина ќе сокрие во себе уште еден нејасен акорд.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Си се сокрил во Словото како воин со меч, На штре, за дорек на нереченото, Надарен да го доречеш, со мед и млеч Од злите и темните, премолченото.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Не можел ништо друго да стори освен да се сокрие во шумата и да чека цел ден во најдлабокиот честар, додека новата ноќ не им ја подари на неговите крилја можноста таинствено да запливаат во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)