содржи (гл.) - цел (прид.)

Мислам дека не е, мојот обид да ви соопштам дека текстот веќе е дом, дека во куглата на телевизорот (во која паѓа снег ако се преврти) е содржана целата „куќа“ за која зборуваме, т.е. некаков скелет, некаква архитектонска структура на ред која ќе ни понуди малку сигурност и топлина, како што еден дом и треба да понуди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ми тврдеше дека првиот ред од секое сочинение го содржи во себе сето она што потем се преподава во него, како зрното пченица што во себе го содржи целиот подоцнежен клас, зрната многубројни, целата нива род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)