согорува (гл.) - во (предл.)

Црвени, бели и сини ракети меко согоруваа во врелиот воздух, згаснувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Има автори кои согоруваат во мисијата да пишуваат на јазикот на душата, кои не стиgнуваат да ја откријат целата азбука на овој јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И од обете страни, и од страната на заштитниците на мајчиниот јазик и од страната на заштитниците на другите јазици на кој пишував, имаше загрижени за чистите јазици и за с друго што не може да биде докрај чисто!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јасер Арафат, како ретко кој владетел во светот, требаше да најде свој пат за својот народ во историјата, да го врати од светскиот егзил во својата татковина Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој согоруваше во својата прометејска цел како непоправливата волја на Сизиф, но и на Дон Кихот, кој не престанува да ја одржува својата борба со ветерниците, охрабруван од силните илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сиот нејзин живот согоруваше во тоа верување на кое му се надоврзуваше и последната мисија на враќањето во родната земја...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Согоруваше во својата потрага по разликите на феномените на природата и застранувањата во нејзиниот поредок, најчесто предизвикани од човекот, со оправдување дека се работи за виши цели.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)