собира (гл.) - пари (имн.)

Младен Чкулот, иако претепан, направи добра трговија. Купи пошто зошто од разни сиромаси разна стока: овци, волови, крави, прасиња, телиња —само да им „услужи" да ги сместат парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се наложија преку ноќ со толчени коприви, кромид и сол и утрото, уште рано, аазите заредија од куќа — на куќа, да ги собираат парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да собирам пари од оголениот народ и да ги праќам во Софија на самозваните револуционери за да ги расфрлуваат по шантаните?!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Десеттина години со ред порезниците трчаа по сите градови и села, собираа пари без ред: со закани, со казни, со глоби, со грабежи, со апежи...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чантичката на невестичето веќе не ги собира парите, па свекрвата притрчува да помогне со својата чанта, па кога е веќе тука, се мести и таа на сите пози, па нели и таа е од најблиските роднини, а и нејзината меморија е од пресудно значење за вечер, кога, откако сето ова ќе заврши, ќе седнат и ќе ги отвораат подароците, и кога таа ќе се сети на сите што предале коверт или подарок, а на него напишале „среќен брак“ и само толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Една се поднаведна над човекот. Наслушнуваше, потоа важно соопшти: - Треба да собираме пари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затоа сега треба да ги собираат парите!!! Не се многу.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурно во тоа време си мислеше и на детето што се вика Цане и собира пари да купи автобус.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ќе собирам пари и кога ќе соберам многу, ќе си купам, ќе си купам ... нешто најубаво.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ти собирај пари и кога ќе собереш многу ќе ти го продадам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)