собере (гл.) - партал (имн.)

Му ги собрале парталите и оние неколку парички што му ги дале добри луѓе за душа на своите мртви, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Набрзина ги собра парталите и излета од собата.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Го најдов и се сожалив, мислев вакво човече, момченце со брада и брчки, не знае што е грев и мислев дека не знае, кутриот, што му се случило, соблекле и го натепале зашто можеби се бранел со својот поснички крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема да му биде јасно како залутал во оваа пустелија, ќе ги собере парталите и ќе се врати назад.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Да си ги соберам парталите? - Да си ги собереш, јас веќе си ги собрав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Луѓето мене ми рекоа или да почнам да пеам по наше или да си ги соберам парталите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Подобро да си ги собере парталите час побргу. (Мислеше на душата, проклет да бидам, Кејтеновата душа).
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)