сместува (гл.) - сексуалност (имн.)

Предизвикот за квир-студиите е да ги објасни преку општествена анализа, наместо да му ги припишува на природниот поредок на нештата. ‌Зашто не е баш веројатно дека културните практики имаат корен во природата, па секој обид потеклото да им се смести во природите на геј-мажите само ќе ги направи недостапни за натамошно критичко испитување, бидејќи ќе имплицира дека нема што да се објаснува освен природните факти на работава, ќе нема што да се оди подалеку од тоа како природно си стојат работите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој зборува за „суштински начини“ на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, за „природи на геј-мажите“, за „геј-сензибилитет“ како „суштинска страна на човековата природа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите не треба да клонат од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам. ‌За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)