сместува (гл.) - причина (имн.)

Психолозите и психоаналитичарите немаат да додадат ништо помудро на оваа тема од кој било друг, па затоа и теориите за третиот пол наеднаш се одново популарни: ако хомосексуалноста и хетеросексуалноста, всушност, ни се програмирани во телата, тогаш веќе нема што да откриваме од каде ни се ниту, пак, има што да изнаоѓаме левтерни објаснувања зошто некои поединци излегуваат стрејт, а други испаѓаат геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта не беше да се објасни логиката што е во основата на секоја машка геј-културна практика со сета нејзина особеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Згодно би било подробно да се знае како работи тој систем и како масовно ги произведува и ги распределува тие релативно нови марки на сексуалниот субјективитет – но, додека не дознаеме, бесцелно е да се шпекулира за процесот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Когнитивната наука, која исто така ги сместува причините за сексуалниот идентитет во нашите мозоци, а не во нашите општества, е привлечна на сличен начин бидејќи нуди физиолошки одговори на комплицираните општествени прашања. ‌Не се обидов да објаснам како некои машки геј-субјекти стануваат геј, туку се обидов да објаснам како геј-субјектите (или некои стрејт-субјекти) може постепено да се здобијат со геј-култура, во смисла на поврзување со културни предмети и облици – со бродвејски мјузикли, со стари куќи, со мелодрамата, со Џоан Крафорд, со изведбените уметности или со естетското совршенство, меѓу другото – на особени начини што им ги имплицираат и сексуалниот субјективитет и родовата ориентација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)