смести (гл.) - крај (предл.)

Додека се појавија сватовите Милка и Пелагија се префрлија во спалната каде што беа другите моми на Роса со внучињата Венко и Стојанчо и Пела, која, завлечена од нив двајцата и од нивната неконтролирана игра, заборавила дека треба пристојно да се однесува, особено кога се во туѓа куќа на гости, ама неколкуте прекорни погледи на мајката ја смирија и за кусо време ја снема од спалната, се смести крај бабата Перса и внимателно се вслуша во разговорот што го водеа бабите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Клупата не беше удобна, а таа не знаеше од кои причини Кети го постави плетениот стол на тревникот, но нејзе оваа клупа ѝ се допаѓаше затоа што таа беше сместена крај малата воденичка за мелење на жито, која ја пееше својата таинствена песна, и беше поблиску до бавчите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Ова е, значи, тој толку прочуен летачки килим, - реков откако удобно се сместив крај Игбал на килимот врз мојата работна маса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)