смени (гл.) - име (имн.)

- Добро, бре Витомире, му велам, може ли коњот да биде вол, само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
6. А кога се вратив назад од Дамаск, узнав за нови несреќи: дента кога сум заминал, логотетот, со царски указ, со печат царски му го сменил името на Стефана, и тој веќе не беше Писмородец, туку Лествичник!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гледа во бројката со три тркалца и размислува: „Ха, сега е моментот да го сменам името: од полјак во - бег!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му пишав на Никифор, а тој веднаш ми врати писмо да му го смениме името.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)