смее (гл.) - гласен (прил.)

Ги расфрлуваа отепаните птици и се смееја гласно, истркани по рацете и лицето со крв и облепени со пердуви.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури и се смееја гласно кога разговорот се сврте на нивната заедничка младост и годините на школувањето.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие само се смееја гласно, а тој знаеше дека успеал, со лицето, со очите, да им каже дека е сега многу, премногу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се смеев гласно и пливав со сета сила.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)