сме (гл.) - само (чест.)

Грците, Бугарите, Србите сите заедно нѐ уверуваат нас дека ние сите сме само од нивната народност и оти нашиот спас е само во соединувањето на цела Македонија, или барем на еден голем дел од неа, кон нивната држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари ни Грци, зашто не сме ни едното, ни другото ни третото; не ни требаат патријаршисти, егзархисти, зашто ние сме само православни христијани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние сме само робје божји и сведоци на човечките несреќи, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А внатре не сме само ние: купишта чкрапји, стоногалки, и вошките што сме ги донеле со алиштата наши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)