сме (гл.) - ни (сврз.)

Почнав да се прекорувам што никогаш не сум ги послушувала моите кога ми велеле да одам со нив да шетам наоколу, па затоа сега воопшто не го познавам овој крај и можеби само непотребно ме фаќа паника.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари ни Грци, зашто не сме ни едното, ни другото ни третото; не ни требаат патријаршисти, егзархисти, зашто ние сме само православни христијани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Застанав. Се обѕрнав наоколу. Ништо не ми беше јасно. Ни каде сме ни колку сме оддалечени.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)