сме (гл.) - онолку (прил.)

Целата идеја да ги испразни сите институции во Америка - затворите, приватните учили­шта и клубовите од внатрешноста - и да ги пренесе во своето студио учејќи да збо­рува преку медиумот на оваа бука, на нов народски јазик, сѐ уште вчудо­невидува. (...) Сепак, на крајот Фектори беше осудена на пропаст поради сопствениот успех, поради светлината што ја фрли и поради контрадикциите на Ворхоловата личност што тој така извонредно ги отелотвори во Фектори како своја фикција - големата американска сказна: Неговата храброст и софистицираност, неговата не­ ви­ност и несигурност -Дракула и Пепелашка-Дрела (Dracula and Cindarella - Drella), како што сите го знаеа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислел дека ќе бидеме одушевени од самата идеја дека тој сѐ уште работел на реклами, што отсекогаш и го правел, со таа разлика што сега работел на “чиста” реклама, рек­ лама како висока уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но најопасно од сѐ беше тоа што тој не веруваше во неви­ ност и мислеше дека сите ние сме онолку софистицирани колку што тој мисле­ше дека е и самиот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)