сме (гл.) - посилен (прид.)

Го ценев и затоа што призна дека сме посилни од него, им се радував на прикаските што ни ги расправаше за непознатиот скопски Рокамболо, одмаздникот Киро Атевиќ, за кој не знаев постои ли навистина или е измислен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа биле космополитите. Токму тие генијално ја сфатиле конструкцијата на реченицата: Заедно сме посилни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)