сме (гл.) - одговорен (прид.)

Отфрлениот фетиш на дојката (дар од раскошната природа или силиконската индустрија) денес е заменет со фетишот на раката за која самите сме одговорни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од оваа ноќ, ние сме одговорни за сите светски настани, од Јапонија, Аљаска и Кремљ до Мулен Руж, од Белата куќа до Елдорадо...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ние сме одговорни само пред лицето на господа и на кралот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пат од планетарно биолошко значење. Ние сме одговорни пред човештвото, стручно речено - да ја спасиме макроеколошката рамнотежа на Земјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пред сè, другари, ние сме одговорни пред историјата и географијата на нашата планета, да не бидеме виновни за запирање на, со милиони години, стариот пат на јагулите од овие благи езерски води, до морињата, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ние сме одговорни пред историјата, нашите потомци ќе нѐ осудат ако не ги ослободиме од мачните зборови на минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)