сме (гл.) - гладен (прид.)

Тој нѝ забранува да јадеме сендвичи пред ручек, оти после не сме можеле да ручаме, но ние тоа кришум го правиме, па потоа измислуваме разни причини зошто не сме гладни, или сосила јадеме, ако ептен не можеме да го одбегнеме заедничкото седење крај маса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ѝ кажувам колку време можеме да сме гладни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно видување лебот и ни се сојаде, што се вели, се сетивме дека сме гладни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сме гладни, се преправаме, а и ушите ни се истргани за јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има, не сме гладни и не чекаме ред пред продавниците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од радост се гушнавме и ни се пристори дека заборавивме дека сме гладни и тргнавме натаму, на кај планината Бела Вода што ние во Герман си ја викаме Германската Планина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Изговарајќи некакви волшебни зборови ја барав врвцата со клучот, отклучив и со широко движење на десната рака ги поканив другарите да влезат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ја нема баба ти да нѐ праша: каде ни се клучињата, дали ги чуваме куќите и дали сме гладни“, воздивна Дејко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во кујната поседнавме околу масата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Домаќинке, побрзај, зашто сме гладни - додаде мајсторот до Евта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сме можеле да бидеме сити, а сега ќе да сме гладни во веки.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- Не ти требало, Огнене, му велиме, не сме дојдени за јадење, а и не сме гладни, го лажеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)