сме (гл.) - слепец (имн.)

2. Долниот свет Не оти сме слепци туку од што сме се одвикнале да гледаме блиску пред себе невешто се движиме со стап вперен напред и пипкаме: да не би да наидеме на змија, мудро немушта да не би да најдеме габа, солза радосница оти со години гледајќи далеку ни отапеа сетилата за светот тукашен па само некоја разорена и во мислите насетена ко привидение, стварност се тетерави без престан и бдее од страв да не исчезне ако се успие!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дека некој нѐ води за рака и ни го покажува она што треба да го видиме?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Произлегува, според тебе, дека ние сме слепци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А и за она другоно, што нема да ни го покаже, не нè остава самите да претпоставуваме, туку ќе ни одреди што да мислиме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)