сме (гл.) - го (зам.)

Но не е толку далеку денот кога ќе можеме тебе, тебе или тебе да ви ги замениме главите и во една сајберобработка да те подмладиме на тој начин како стогодишник да можеш да усреќиш една млада кравичка, или своето парење во виртуелниот свет да го претвориш во стварност; тоа сè уште не значи дека сме го грабнале Бога и дека стварно ги знаеме вистинските волови. 8 okno.mk Но што?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш, ангелот веднаш те убедува дека знаеш да читаш, да го читаш животот. – ми зборуваше баба ми – Она што сме ние, што ни претставува нас е тоа она што спонтано, случајно сме го запаметиле во текот на животот, дали од читање, слушање од други луѓе или слушање на својот внатрешен учител, не е воопшто важно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Веднаш, - велеа продавачите. – Штом е за високопочитуваниот Тој и Тој, бесплатно го делиме најубавото што сме го нашле и што го имаме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Страшен збор, кој еднаш изговорен, засекогаш нѐ врзува и нѐ изедначува со сѐ она што сме, го замислиле и што сме го рекле и со кое никогаш не сме ни помислувале да се изедначиме, а всушност, во себе, одамна сме веќе едно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш, за време на минатите избори, притиснаа да сме го избереле него. Ете го избравме, и што?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пиши ми побрзо. Поштарот доаѓа трипати неделно и не ѕвони, како во оној филм што сме го гледале, туку свирнува на труба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега ми е многу жал што времето сме го трошеле лутејќи се една на друга.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој беше доволно отсутен за да не може да сфати дека поради некои необјасниви ситуации не може да не собере сите на иста софра.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На настанот да, но не и на тоа дека сме го овековечиле.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа е скоро сето она што, сé до неодамна, сме го постигнале во поглед на “културалната меморија”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Претпоставувам дека, ако би ни биле познати сопствените коски, никогаш не би ги покопувале мртвите, туку би ги чувале како светињи во соби уредени онака како што би сакале да ги затекнеме кога ќе отидеме во посета; а нашите непријатели, доколку ги украдеме нивните тела од боиштето, треба да ги ставаме во музеј онака како што умреле, со сѐ уште видливиот челик во телата, со искривени шлемови, со неизносени заштитни капни на чевлите, па пријателот и непријателот би станале толку неверојатно историски што и за сто години би ја затекнувале устата отворена за истиот говор и сите делови со кои сме го минувале животот прободени какви што отсекогаш биле - градниот кош, околувратникот, черепот - сѐ уште повторувајќи се, сѐ уште предизвикувачки, лесни како ангели, сѐ уште вредни за сеќавање и љубов.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ние забораваме нешто и забораваме дека сме го заборавиле тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Операцијата „чист рез” кај потиснувањето достигнува до потполно исклучување, па (а) ние го забораваме X (б) несвесни сме дека постоело некое X кое сме го заборавиле (в) несвесни сме дека сме го заборавиле X (г) несвесни сме дека сме несвесни за заборавањето на заборавеното X.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Насилството што го вршиме и што сме го извршиле над себе, взаемните обвинувања, смирувања, љубовните занеси и страдања - почиваат на општествено условената измама дека постои врска меѓу две дадени единки.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Можеби и плаче, но ние тоа не сме го забележале.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
сме се разминувале со други, вели, сме се разминувале и со себе си сме го кркале низ вековите а ни лук јале ни лук мирисале сме плаќале туѓи арчови и ајле време сме оделе со наведнати глави од срам што не изеде.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
— Ами како шо знајш. Лели сме го правеле пустиот план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Токо шо мислиш сега? — Шо мисла и ќе направа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од Чаплин научивме, вели гаравиот човек со бале преку рамо и дволитарско шише од цоца-цола лигхт во другата рака, дека не сме го чуле Господ кога веќе нè плукнал на врвовите на надежта убаво нè предупредил дека амбисот на себезалажувањето нема дно.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сега почнуваме да согледуваме дека ние самите во природата сме го проектирале тој математички поредок и дека природните закони не сме ги откриле туку Margina #26-28 [1995] | okno.mk 93 во најдобар случај одново сме ги откриле.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Си помисли дека сме го казниле.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сѐ уште не сме го надминале изненадувачкото тврдење дека е светот, ако се изразиме во говорот на ренесансата, книга - „natura li- bellum“ - и дека е кодифициран во броеви.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Влеговме во Прилеп, поминавме покрај стариот театар, покрај пазариштето и чаршијата, бевме веќе во центарот кај градската кафеана и Предо само подгледнуваше накај Живко за навреме да најде место за паркирање, но Живко молчеше и само се смешкаше, а кога веќе излеговме од градот и мислевме дека сме го прошишале и Прилеп, Живко го натера да подзапре и не го остави да продолжи по асфалтираната угорница на Плетвар туку го скршна по стариот пат преку Бабуна по кој веќе никој не одеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дека не е доволно градот да сме го виделе, треба да сме го преминале.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоде вели: Ако ние, Акиноските, некогаш одамна сме го започнале животот овдека во Потковицава, а тој во меѓувреме и нас нè испусти и сам се запусти, ние и ќе го обновиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набргу мина на главната тема: - Утрово ми рековте, морам да признаам тоа силно ме вознемири, дека ние сме го убиле природниот Бог во душите на луѓето и на негово место сме го поставиле партискиот Бог?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наместо огнот да го голтне дрвото, дрвото го проголта огнот и остана на сред клада, како со вода, а не со оган да сме го дарувале.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со тој брак, ние всушност (јас и Земанек), се убедувавме дека не сме згрешиле што сме го избркале Јан; оти тој брак реално постоеше, и беше знак дека се сакаме; а ако се сакаме, тогаш не можевме да бидеме виновни за тоа што немаше место за трет во тој наш свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд – спротивно на впечатокот што можеби сме го добиле поради очигледното задоволство со кое машката геј-култура ужива во занесните сцени на женско-женско малтретирање во Милдред Пирс и во Најмила мамичке – дека машката геј-култура не нѐ учи да им се смееме на ужасните и страшни ситуации само на жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бојот почна есента, та сме го подбрале Италијанецот и го гоневме сѐ до Иван Планина и потоа до Поградец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа тргнав да освојам љубов. Не знаев дека љубовта не е трофеј и не се освојува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби затоа и ја отфрлив – подарокот го цениме само ако сме го заслужиле.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Или пак беше само случајност во неговото случајно патување кон непознатото, во оној миг кога сфати дека најосамени сме тогаш кога упорно го бараме токму она што сме го оставиле зад себе токму тогаш кога сме тргнале во таа залудна потрага?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Деца, внуци ... Како ќе им кажеме утре дека сме го запалиле?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Боцките околу устата наутро му биле остри и можело да се поверува дека нечија рака кришум му ги сади на лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЛУКОВ: А ние сосем не ја забележуваме. Сме го заборавиле усетот за неа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во близина и во живо, другиот што сме го избрале станува неподнослив.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- му рекол умо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Уште си тука, бре ќелеш - му рекле - ние отидовме и се вративме, ти уште коњо го вадиш!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ај нека ни удри - рекол поголемо на помалио - чунки немат кој да нѐ видит, и така сме го нашле тоа што го баравме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Али за момчето наше, што сме го остааиле двајцата за да биде будалесто?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ние, луѓето, сме го создале...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Шетаме со Анастаса и Ѓера низ болничкиот парк крај морето, ја гледаме водата кај што се пени, кај што бучи и удира во брегот, а во мислите ни иде нашето езеро, своите луѓе, сето она што сме го оставиле.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ама ништо не нè спречуваше да си го правиме тоа што сме го наумиле, а, во крајна линија, сето било во вистинското време, во моментот што бил тамам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
како ние да не сме го врвеле, ама не бре, кој може да нѐ запре, кога ќе те удри улавата мисла, полоша е од стечена суводолица и не гледа кај врви, што ќе откорне, што ќе забере, а босот уште ни вели, вратете се ако нешто не е о кеј, пак вратете се,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овде, каде поимот за човечките односи не е ист како оној што сме го донеле од својата земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еден човек, стутулен во ниската штала, го покажуваше своето отворено лице со сини очи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Преминав по дворот уште еднаш, не најдов никакво решение, расеан и измачен со ногата удрив во трошната врата од свињарникот кој веќе неколку години не сме го употребувале.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А тоа што не сме го откриле не е доказ дека не постои, секогаш има нешто зад нештото. * * * Најмала сум во моето петчлено семејство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Гревот што сме го направиле ќе ни се прости.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Згора виде парче хартија, писмо што таа го напишала, но не успеала да го прати: ”Јас си заминувам на оној свет каде што господ ни дава уште еден живот за да го надоместиме она што не сме го имале на овој...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По начинот на кој инсистираше и според гласот, Круме Волнаровски покажуваше вознемиреност, но со она “Да седнеме попладне, да се видиме, одамна не сме го направиле тоа, да се опуштиме малку, и така натаму,” ме потсети на деновите кога многу прашања околу Ема Ендековска и нејзиното брзо напредување во службата, за мене беа отворени.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сфаќаш ли ти, Винстоне, дека никој што сме го довеле на ова место не сме го испуштиле од раце неизлекуван ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние, луѓето, човечкото лицемерие сме го усовршиле до совршенство. ***
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Низ тесниот влез ќе го внесете ова што сме го кренале од домата наша.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И уште една забелешка: обично земам аванс, зашто понекогаш се случува, оној што сме го чувале наеднаш да исчезне...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Срамота е што тоа не сме го искористиле. 26 милиони од тие апарати е продадено.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вагонот со пљачките стигнал на 1.11.1951 и сме го растовариле на платформата кај фабриката Мичурин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Читам на Интернет како сме го попушиле на самитот на НАТО во Букурешт: само Америка нѐ поддржала, а сите останати си свиркале загледани во плафон, бетер од дебарски молери!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Мајко божја, уште ова не сме го виделе! - викаа полковниците ликувајќи од радост.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги предизвика двата постојани пола на нашиот егзил: да останеме или заминеме, со надеж некогаш да се вратиме од кај што сме тргнале, од каде што сме го изневериле родното место...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Сè беше движење – помислува и се насмевнува – никогаш не сме го запреле патувањето, мојата музика и јас.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
ТВ ЛИЦЕТО: Нешто ситно? КУРТА: Одбива да збори.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КУРТА: Не сме го фатиле.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
ТВ ЛИЦЕТО: Зошто има крпа во уста? КУРТА: Болен е, па му смрди здивот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КУРТА;Не сте го фатиле, сме го фатиле, мило!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тоа време како намерно да нѐ соочува еден со друг, еден во друг зошто внатре другиот сме го замрзнале, а сега таа негова слика се крши, се двои на два различни лика (уште повеќе ако имаме заедничка фотографија, станува толку видливо дека животот е подолг и посложен од миговите складирани во фотографии).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Тоа беше Киш - се насмеа Надица кога ѝ кажав за телефонскиот повик. – Чудно ти е?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сите ние сме Марсовци, како да вели Бредбери, само што сме го заборавиле тоа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Не се работи за тоа дали тоа сме го заслужиле; едноставно не одеше, не успеа. Гледам, дури и не се расправаш околу тоа. Зошто?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се насмејав додека си го возобновував во сеќавањето она ноќно позајмување на двете столици по кое уследи оковување во ланци на кафеанскиот инвентар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Белки нема да одречуваш дека досега не сме го делеле доброто и злото, и тоа во сите варијанти - реков без да спомнувам дека во минато повеќе пати таа била виновна за потфати за кои не би можело да се тврди дека биле којзнае колку оправдани и прифатливи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многу пати сме го читале, рече Кире и му го подаде на Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не, мислам дека треба да научиме, сега, а подоцна ќе го искористиме тоа што сме го научиле и ќе стоиме на сопствени нозе...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зад секој агол се изненадувањата на животот, непредвидливоста е најубавиот дел од секојдневието, можеби најубавото уште не сме го доживеале.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Водена од тој животен феномен ништо не ме спречува да ја откријам енигмата на здодевното секојдневие од целиот сопствен багаж, од најдлабоките лични тунели да ги извадам зрелите плодови, сочните овошја и да исцедам свежи сокови за освежување и уживање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А колку пати сме го прескокнале денот, што се вели, сме преминале на свети Тримир.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како не сме го виделе ова, да не оди вака пусто?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сме го пуштиле јазикот пред умот, што се вели, си го чешаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку ли сме го изминале нашиот женски логор?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во борењето, во мрдањето сме го клоцнале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали е ова наш народ, ќе велам, или и народот сме го згрешиле?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш, јас и вие тоа не сме го виделе, ама го видоа невидливите очи на убавицата од Дардаванија, од преголемиот огин што го испумпуваше од срцето кон образите, мразулестите мустаќи Дедомразови почнаа да се смекнуваат, да се топат истечувајќи низ снежната брада која, исто така, почнала да се топи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И нѐ тепаа, коса и мустаќи ни корнеа по недели,и празници затоа што ова не сме го беселе на балкони - чардаци?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И... ти Маркос, тука, пред сите нас велиш, дека сме го изгубиле фронтот, дека е отворен патот, со што навистина потврдуваш дека почна во овие, како што рече ти самиот, судбоносни денови, да, судбоносни, да губиш глава... да, Маркос, губиш глава....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сето време Петре правеше така што нам од една страна ни беше страв од учењето што ни претстоеше, но од друга страна, нестрпливо очекувавме пак да одиме на учење зашто знаевме дека таму нè чека нешто што ниту сме го знаеле ниту пак сме помислувале дека е нешто за знаење.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но ако правиме грешки, ние сигурно сме го пробиле ограничувањето за конзистентноста.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Порекнаа дека воопшто некогаш сме го имале. Станувај, рече Фокс.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со тоа го навредуваме оној што сме го дарувале, оној што сме му помогнале. Го понижуваме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Нешто кое можеби не сме го бирале, не сме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Колку пати тоа сме го зборувале, си заборавил ли?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Што ќе речат моите другари на кои им раскажав дека наесен ќе им подарам по еден примерок од романот за деца што заеднички сме го напишале јас и мама?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека сето тоа си го мислев, беа да ѝ го кажам на мајка ми, таа стана, ме праша дали веќе сум ручал, како она за што до пред неколку минути разговаравме, воопшто да не сме го зборувале.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка ми покрај прозорецотот лежела на единствениот кревет што сме го имале. Ме здогледала и спискала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Друг пат се зборува за Илинден, дека сме го заборавиле.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Триесет години поминале откако не сум била во овој крај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бараше некоја жолта куќа што требаше да биде на следниот агол и, ако ја најде, тоа ќе значи дека сме го погодиле патот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)