сме (гл.) - направи (гл.)

Шо сме направиле, та шо си се разлутил толку?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас веќе вежбам како да му се заблагодарам во својот оскаровски говор, пошто Цаци ме опомена дека ако не ќариме оскар - ништо не сме направиле јас и тој!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Прозборев со две другарки, и се сетив дека и ние како деца и млади не сме биле простодушни во нашето однесување, дека сè што сме сакале да направиме, сме направиле без дозвола од нашите родители, кои, нормално, исто како нас сега, ги прегазило времето и биле еднакво глупави и инаетливи, па и од минатиот век уште, од што нашите беа поштедени.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе присоберевме некоја корпа колку да се рече дека нешто сме направиле.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И другпат така сме направиле, иако мене ми е строго забрането да се оддалечувам многу од дома без да се јавам каде одам, а пак за одење во парк попладне не станува збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе загуби контрола и ќе те удри, и што сме направиле? Да се осакатите можете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ми бранат да одам со другарки во паркот, но ме предупредиле, тоа секогаш да биде претпладне, ако е можно да не одиме сами девојчиња, туку да бидеме во друштво со некој од другарите и, се разбира, да не влегуваме во третиот дел од паркот, каде што нема жив човек, туку да се движиме околу тениските игралишта и Луна паркот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да видиме што сме направиле, - рече седнат на клунот со стапот меѓу нозе, додека Боге седеше на задниот дел од чунот со веслата во скутот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се врти накај мене, ме покажува со прстот, ме посочува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И потоа пак почнува да се дере...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ебате беља! Што ли сме направиле кутро девојче за да изродиме ваков паразит? за сто души изопачен!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)