сме (гл.) - види (гл.)

Да видиме што арно сме виделе ние досега од Бугарите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сме виделе попови и џандари, и писари и весникари, како него. Сиктер, бре!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Што гледате, браќа?“, прашуваше Филозофот. „Гледаме нешто што досега не сме виделе: едно нешто остро и рапаво и друго сподобие, меко и мазно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој предложи да се сокриеме некаде и да ги следиме (сега разбирам дека и тој беше погоден колку и јас и дека сакаше уште таа вечер да расчисти со Луција: колку смешно – што да расчисти, кога ниту јас ниту тој немавме ништо со неа?); така ќе сме виделе која е девојката со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега е важно тоа: го видовме малечкиот камен од Месечината, а знаеме дека сме виделе нешто многу големо по своето значење.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Првпат сме виделе македонски генерал со широки еполети на рамената и со црвена чоја на поработ од ногавиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Море ние, Силјане, сполај Богу, си поминуваме, туку ти, ти како помина по туѓина, кажи ни некои унерии, елбете тоа, што си видел ти, ние не сме виделе,“ му рекле селаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Но учителката ни рече добро да гледаме сѐ и утре ќе цртаме во нашите блокчиња сѐ што сме виделе.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Признавам: никогаш ваков и волку голем не сме виделе досега.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Подоцна им раскажувавме на Татко и на Мајка сѐ што сме виделе, а тие носталгично коментираа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега е важно тоа: го видовме малечкиот камен од Месечината, а знаеме дека сме виделе нешто многу големо по своето значење.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сѐ што е господово е од убаво, поубаво, велиме, кај сме виделе ние поубаво?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си кажуваме така жените, што сме виделе на сон: вака беше, онака беше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)