слушне (гл.) - тој (зам.)

Еве, на пример: Секогаш кога ќе го слушнам тој збор, ги гледам членовите на сите комисии (жири, за избори, за селекција) како подготвуваат смеса што треба да ја запржи одамна приготвената манџа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Од каде пак ти? - одвај прозборе Фоте, ама само да го слушне тој, а не и неговото друштво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Целото негово суштество го слушна тој судбински знак и се растрепери како и рацете.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не, не…, не сакам… Не е вистина, викав на глас… Не е можно… Го слушнав тој застрашувачки збор, РАК.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)