слуша (гл.) - срце (имн.)

Дали беше тоа моето срце или на Мила, која беше најблиску до мене, не бев сигурна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Панта! Панта! (Пауза) Панта! (Го слуша срцето на гулабот) Мртов е. (Гостите се смеат. Ангеле стои потресен.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И преку налегнатите камчиња му го слушам срцето, дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ВЕРА: Ми се чини дека му го слушам срцето. (Стево пука во воздух.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Го наслушуваат со една цевка, ко инка, му го слушаат срцето, ама ништо не се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се чинеше дека си го слушам срцето како ми чука, не таму каде што му е место, туку некаде во грлото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)