слуша (гл.) - викотница (имн.)

Шоферот му мавна со рака и продолжи накај Прењес, од каде веќе трчаа луѓе и се слушаа викотници.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Излегуваа со гавазот и Бошко од Скопје, а уште се слушаше викотницата што го поздравуваше заминувањето на султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сликарот преку вкусот на портокалите и мандарините што му ги донесуваше Хасан, го осознаваше изгледот на пазарот, ги слушаше викотниците на пиљарите и градинарите и го мирисаше мирисот на манџите од ахчилниците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се пожали газдата се слушале викотници, се пуштала гласна музика, а во нивниот стан кој се наоѓаше веднаш под нашиот, сѐ убаво се слушаше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И ги гледам камионите, толпата растрчани, развикани и расплакани луѓе, ги слушам викотниците, лелеците, плачот, колнежите...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Едни се задоволуваат со разгледувањето на списанијата од порно литеатурата, други стојат пред витрините на баровите каде што се прикажуваат само полуголи жени, трети грицкаат пржени компирчиња и некаде тапо и бесцелно гледаат, некои се определиле само за еден франк во автоматот, една минута да „уживаат“ во убавините на некаква булеварска филмска серија, други итаат некаде, трчаат да се симнат што побрзо до метрото, а пак во кафеаните, кои се редовно полни со сомнителни жени, неретко се слушаат викотници, кавги, кршење на чаши, па доаѓа и до тепања, кои редовно завршуваат со пискотот на полициската кола, зашто со некаква незабележителна магична моќ, при секаков прекршок, набргу таа ќе се најде за интервенција на местото на прекршокот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)