слуша (гл.) - него (зам.)

Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никој не може да ѝ се лути, мора да го слуша него! мисли Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие не го слушаа него, имаа свој и поинаков ум, кој продираше подалеку одошто тој во моментов беше способен да сфати.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Или иднината ќе наликува на сегашноста, па нема да го слуша него: или ќе биде поинаква и неговиот ризик ќе биде бесмислен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)