слуша (гл.) - ме (зам.)

Токо слушај ме ти мене, — му се приближи и почна да му шепнува, додавајќи му ги зобниците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти слушај ме мене, па ќе видиш оти така ќе излезе!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
О слушај ме, ти можеш да слушаш крик мој секој пат: Час побргу ти сврзи ме со либето, мој боже, во твојот рајски светол кат!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нешто зборуваа, ама од никоја од девојките не слушнаа збор. - Девојки, слушајте ме. Соберете се така како што сте од вашите села.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Слушајте ме добро и внимателно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ќе го ослободат бе слушај ме шо ти викам. Оваа земја ти е башибозук.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Знаеше и самиот, слушајќи ме, оставајќи ме да се доискажам, пред присутни сведоци, дека слегувам уште подлабоко во спиралата на големата и непростлива ерес во атеистичката земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега јас вам за утре ќе ви дадам една задача. Слушајте ме убаво.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Петре му рече на Јолета: - Јоле, не мрдај од местото и слушај ме што ќе ти речам. Прави се дека не нѐ клаваш на умот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш Петре Даскалот ни рече: - Слушајте ме добро што ќе ви речам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А сипаниците не е тешка болест, слушај ме што ти глаголам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Сум ти расправал ли за сите ножови, од првиот човек до денеска? Седи со мене. Слушај ме...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа болка ме уби, во мојот труп остана да живее некој друг. Името му е Јанко, слушај ме.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со отворена уста слушај ме. Ти раскажувам. Зини.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оние што беа будни се насобраа околу мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сказната е од една пустина Со илјада песочни дини.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Бдеам над тебе, над сите вас. Сега слушај ме внимателно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не можеш да ги контролираш, си одат некаде, се враќаат, ти се мешаат, ти се чини дека не би можела ниту една да задржиш подолго време. Па и не можеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, сега, слушај ме внимателно. Во главата сите ние имаме безброј мисли. И секоја си оди на своја страна. Кога си расеана, тие прават што сакаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немој, бре чедо, не оди по умиштата од тие другари; слушај ме, синко, јас што те учам и мајка ти, оти ќе те фати некоја клетва од нас, бре синче Силјане!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Погледни ме внимателно. Ако не ти личам на измамник слушај ме и понатака и немој да се смееш кога ќе ти речам дека тие луѓе имаа чудни лица; млечнобели, сиви, жолти, сини, зелени, секакви, само не какви што се нашите лица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ЛУКОВ: Добро. Сега слушај ме. Утре ќе настојувате тој по никоја цена да не добие ориентација ниту за местото на атентатот, ниту пак за куќава.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Слушајте ме! Сите!“ рече капетанот. „Сакам нешто важно да ви кажам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)