случува (гл.) - настан (имн.)

Во таа соба се случуваа настаните врзани за виолетовата боја од виножитото во водите на Тиса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Во „Север-Северозапад”, на почетокот на филмот, ликот на Roger Thornhill е „патолошки Нарцис” par excellence: рекламен агент, специјалист од определена област, наклонет кон итри манипулации и т.н. - на почетокот на филмот се случува настан што ја свртува приказната (историјата) на филмот, тоа е хистеризацијата на ликот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Макар што минав неполни три дена и три неспани ноќи, во ова кусо патување ми се случуваа настани колку половина век, време што ни беше украдено...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)