случи (гл.) - сосема (прил.)

Понекогаш ми се случуваше да го потиснам мојот копнеж по патувањата во странство, во тие далечни земји во кои никогаш не сум била, ама никогаш не можеше да ми се случи сосема да заборавам на тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Желбата ќе се појавеше одненадеж, кога најмалку ја очекував и ќе ми ги однесеше сите мисли натаму, кон тие непознати земји и градови што ме очекуваат, а никако да ме дочекаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти се случи сосема обична повреда.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)