служи (гл.) - и (чест.)

Ни служеше и нам, ви служеше и вам, колку што му одреди севишниот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Требаше да му служи и на седумгодишниот султан Ахмет IV.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа формулација може да служи и како една од дефинициите на „компјутерот“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие се немаат во главното бугарско наречје – источнобугарското што служи и за литературен бугарски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во селото имаше само една фурна и една мала продавничка која служеше и како кафеана.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Симболична карактеристика, секако, но, стапот исто така служи и за закана.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)