служи (гл.) - со (предл.)

Наместо имателот на предметот, и исто како тој, одговара лицето на кое имателот му го доверил предметот да се служи со него, или лицето кое е инаку должно да го надгледува, а не е кај него на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имај храброст да се служиш со сопствениот разум!“ Тоа Кант го сметал за лозунг на просветеноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако за глава покус од Миќо, јас бев спечен и жилав и знаев многу вешто да се служам со борењето со сопки, та Миќо за час се најде испружен на земја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Всушност, како што рековме, шизофреничарите честопати се служат со преправање и двосмислености.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сендвичите со плескавици беа од чисто мелено месо, првокласно, и ги служеа со салата од зелка, пржени компирчиња и една четвртина кисела краставичка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Реципрочен ready-made - да се служиме со Рембрант како што се служиме со даската за пеглање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го зел вообичаениот предмет и го поставил на тој начин што неговото употребено значење се губи под новиот наслов и новиот агол на набљудување - за тој објект создал нова идеја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сѐ што сум мислел низ годините, тајно, од страв од Лествичникот, сега излегуваше од устата на Филозофот; како мојата душа да говореше со неговата уста, како да се служеше со јазикот негов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако паднев, јас ќе видев; но јас не паѓав, се служев со животинскиот рефлекс за самоодржување, и затоа не сознавав дека жената ми е во прегратките на некој друг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Всушност, се жалеше (како што само тој знае да се служи со зборовите), дека забележал дека неговите сетила се целосно мртви, дека веќе и чудата не го возбудуваат, оти отрпнал на невозможното, кое во циркусот го имало премногу; дошол до ситуација, велеше, чудата да му станат секојдневие, и посакал да се врати од малото небо (веројатно мислеше на циркускиот шатор), под големото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во долгогодишниот подготвителен период за востание, кој бил исполнет со чести судири со органите на власта, Македонската револуционерна организација не се служела со динамитни атентати и диверзии по градовите или по сообраќајните комуникации.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мисирков бездруго со право бил револтиран од практиката на ТМОРО што се служела со бугарскиот литературен збор во својата дејност, како и од активноста на некои егзархиски учители што толку ревносно го воведувале тој јазик во македонските средини. 156.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаат дека за нив тоа ќе го направат режисерите кои, пак, мора да се служат со она со што се послужил Гете во романот за Вертер „со некаква лага за да се создаде потребен афект“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа епоха ги сакаше спротивностите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогашната христијанска мистика, чија духовна длабочина и сила се вон секое сомневање, се служела со еротската метафорика.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да се сетиме како децата со радост си играат со гласовно превртување на зборовите и како често работата на сонот се служи со превртување на неговиот претставувачки материјал. (Darstellungsmaterial) со најразлични цели. (Овде веќе не се превртуваат букви, туку слики во нивниот редослед.)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Младешки неоптоварените уметници на групата „Мост” се служеле со чисти бои и линии што го следеле моментниот импулс.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се служеше со висок диоптер на стаклата од очилата, а на моменти, кога ќе наидеше на најситен слог, а тоа се случуваше често во едвај разбирливите сиџили, кадиските записи, мораше да се служи со лупа, но и од неа немаше големо фајде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко внимателно читаше, напати кога ќе наидеше на непознати зборови, се служеше со својот толковен речник Ларус.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Совршено владеел (и пишувал) француски, италијански, турски, грчки и арапски, а се служел со англиски и со српски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Евреите, покрај со својот (ладино јазик), се служеле со јазикот на домаќините, потоа со еден или повеќе балкански јазици, како и со еден од европските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, за разлика од Татко, одлично се служеше со мајчиниот македонски јазик, како и другите словенски, се разбира рускиот јазик во прв ред, ги владееше францускиот и шпанскиот, но се служеше и со турскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа исто како и многубошците.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Сине си ослабел си станал „тенеќе”, внимавај (макар што беше спротивното!) Мајка кога сакаше со малку зборови да ни искаже многу содржини се служеше со познати поговорки, едни народни, други ги составуваше самата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ме збунивте. Помислив за момент дека јас сум тој што прашува а дека вие се служите со моите зборови“, најде за потребно да објасни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како ќе се бориме за свој јазик, велат, ако се служиме со туѓ?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој беше на твои години, нѐ служеше со пијалак, ни ги празнеше пепелниците.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)