слетува (гл.) - на (предл.)

Галебе мој, не слетувај на моите очи. На тие брегови откинати ниеден пристан нема.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тие ли се што летоска слетуваа на мене во градината? помислува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Галебе мој, јас очи веќе немам. Не слетувај на моето срце!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се радува Богдан што слетуват на него и не ги тера.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од нив како жолти пеперуги ќе се разлетаат лисја и слетуваат на зелената трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)