слева (гл.) - кон (предл.)

Нејзиното тело, како плима се слева кон тебе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И кога конечно сите сили на глупоста ќе се солидаризираат и ќе преземат колективен и темелен лов на андерграунд уметникот рушејќи ги сите негови ходници, излези, пасажи, мостови, извори и хранилишта тогаш андерграунд уметникот немајќи каде повеќе да бега применува страшна техника (кетман), техника која ќе ги маѓепса масите претворајќи го истовремено андерграунд уметникот во тиранин од кој се тресе земјата, а реки од крв се слеваат кон морињата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Судејќи по сè, и самиот татко, додека, од земјата на јужната и западната страна на Езерото, не го истерале, не го истерале маките и бедата, ги обиколил реките коишто, од подножјата на гордите планини, се слеваат кон морето: Мати, Воша, Шкумби или пак Буна и Дри, кои, во соседството се викаат Бојана и Дрим, а оваа, последнава, уште и Бил и Црн.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)